Кошаркарите на Куманово лесно против Вардар (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја впишаа деветатта победа по ред во домашниот шампионат, откако го совладаа составот на Вардар со резултат 86:69.

 

Loading...

Нешто подобри кошаркарите на Вардар беа само во првата четвртина од средбата кога направија поен повеќе од домаќините, односно резултат 17:16. Останатиот дел од натпреварот беше во целосна доминација на кошаркарите на Марјан Србиновски.

 

 

Во втората четвртина сино-белите од израмнет резултат со серија од 10-0 направија резултат 43:32 што беше голем чекор кон победата. На полуреме се замина со резултат 42:34 благодарение на двата поени кои ги постигна Аденкуле пред истекот на првиот дел од мечот.

 

 

Loading...

Водоството на Куманово во третата четвртина постојано се зголемуваше, а во играта Србиновски ги форсираше младите кошаркари на тимот, кои го сочуваа водството на 65:48 на крајот на третата четвртина, за да со 17 поени разлика и резултат 86:69 на семафорот успеат да тримфираат над Вардар.

 

 

Со 28 поени брилијантен како и секогаш беше Данило Мијатовиќ со 28 поени, додека Никола Караколев, Стефан Живановиќ и Миладин Пековиќ впишаа по 11 поени. Подмалоток на тимот, Ѓорѓи Георгиевски впиша 7 поени, Тодоровиќ 3, а Јовановски 2.

Не го потценивме противникот, но уморот дојде после Пеќ, нашите играчи беа изморени, бевме тука јас и Ѓорги помогнавме колку можев,е одигравме како што треба, на крај добивме тоа е најважно, сега треба да тренираме да се подготвиме, чекаме полуфинале во БИБЛ, не чека Супер лига и да можеме да ја израдуваме оваа публика – изјави Миодраг Тодоровиќ, кошаркар на КК Куманово.

Натпреварот го почнавме малку топло-ладно, имавме и мала негатива на почетокот, но потоа малку се загреавме, фативме едно темпо со кое ја приведовме утакмицата до крај. Задоволен сум од мојата игра, мислам дека дадов максимум на овој натпревар, но секогаш може подобро – изјави Георгиевски.

Во составот на гостите со 17 поени најдобар Ибитајо Адекунле со 17 поени, со 12 мечот заврши за Шалев и Митков, а со 11 за Јетмир Зекири.

 

 

Куманово и натаму се наоѓа на третата позиција на табелата во домашниот шампионат, следниот меч го игра против составот на Струмица, по што ќе започнат и натпреварувањата од Супер лигата.

Loading...

Loading...

Loading...

Loading...

Loading...