Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен реализираа победа со кој запишаа историски успех. За прв пат ќе имаат можност да се натпреваруваат во финалето од БИБЛ лигата и да се борат првиот балкански пехар да пристигне во градот.
Loading...
Со резултат 86:80 кошаркарите на тренерот Марјан Србиновски го совладаа составот на косовскиот Пеќ и си го отворија патот во финале каде ќе треба да го надиграат бугарскиот клуб Берое.
Катастрофалниот старт на кумановци кога во првите пет минути гостите од Косово направија водство од 17:9 ја разочаруваше неколку илјадната публика во салата. Со исто темпо и по првиот тајм аут на Србиновски кошаркарите на Куманово немаа сили да ја стопат разликата на противникот кој направи и разлика од 10 поени. Првата четвртина сепак заврши во корист на Пеќ со резултат 25:18.
Loading...
Американецот Ноа Далман за кој претходно имаше најави дека нема да настапи во црно-жолтиот дрес сепак го полнеше кошот на домаќините и погоди 6 од 7 погодци за два поени. Од друга страна катастрофалниот шут за три поени кој го имаа домаќините чинеше многу. Само три од 13 обиди беа реализирани во кошот на противникот, па на полувреме се замина со резултат 37:44.
Нешто подобра игра домаќинот реализираше во почетокот на второто полувреме кога направи и три коша повеќе од ростерот на Пеќ. Вториот дел од средбата перфектна игра прикажа и плејмејкерот Јонел Браун. Неговата трета тројка значеше дека Куманово нема да се предаде лесно.
Иако во последните 10 минути од играта сино-белите влегоа со негатива од два поени, публиката ги врати на нозе, им ја даде неопходната поддршка за извојување победа. Миладин Пековиќ и Никола Караколев реализираа 10 поени, водството го донесе капитенот Марјан Јанески, но недостасуваа уште поени разлика за посакуваното финале.
Loading...
Во вистинско време Никола Караколев погоди за 75:70, но гостите вратија, а потоа следуваше и израмнување на 76:76. Минута пред крајот повторно изедначување 80:80. Зовре трпението на публиката и во еден глас навиваа за победа. Караџовски, Пековиќ, а три секунди пред крајот и Живановиќ ги кренаа сите на нозе. Куманово стана финалист.
Со 21 поен брилираше капитенот Марјан Јанески, поен помалку американецот Јонел Браун, а 11 поени и 9 скока оствари и репрезентативецот Димитар Караџовски, додека дуото Пековиќ заедно реализираа 19 поени.
Не е мала работа, кошаркарите покажаа како се остава срце на терен, како се сака Куманово и кумановската публика. Натпреварот го отворивме лошо, доста тежок натпревар, но како што одминуваше времето полека влеговме во ритамот се вративме од -12 од првото полувреме, успеавме. Секоја чест за момците за борбата, играме со седум играчи, нормални се вакви падови. Се надевам дека Куманово ќе победи за прв пат во оваа Балканска лига – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.
Беше тежок натпревар уште од почетокот, паднавме многу рано, но останавме фокусирани и се боревме до крајот излеговме на победничката страна и одиме во финале сега. Берое се во одлична форма, физички се доста подготвени, ќе бидеме фокусирани и ќе дадеме се од себе да оствариме победа – изјави Јонел Браун.
Мислам дека немавме срце, овие момци се бореа, играа добро до крајот, мислам дека среќата пресуди на крајот да оди Куманово во финалето на БИБЛ лигата, јас им посакувам многу среќа во финалето. Спорт е ова, тоа се случува, затоа и се гледа кошарката – изјави Бујар Лоци, помошник тренер на КК Пеќ.
Во финалето ги чека бугарскиот клуб Берое против кој во првиот дел од Балканската лига сино-белите имаат победа со резултат 82:72, но и пораз со 91:70.
Loading...