Кошаркарите на Куманово го совладаа АВ Охрид

Сподели со своите пријатели

Со резултат 77:69 кошаркарите на Куманово остварија победа во денешниот натпревар против составот на Охрид во рамките на 14. коло од домашниот шампионат.

Loading...

Мечот започна со висока предност за составот на Куманово уште во првата четвртина од средбата и подоцна растеше и до 20 поени позитива пред гостинскиот состав.

Првата чевртина избраниците на тренерот Александар Петровиќ ја завршија со три поени повеќе односно 15:12 пред составот на Охрид.

Убедливо добра игра кумановци прикажаа во втората четвртина кога впишаа 13 поени повеќе од гостите и на полувреме се замина со резултат 43:27.

Вториот дел од средбата продолжи со стандардна игра на кумановци кои мала криза во играта забележаа во последните минути на паркетот. Сепак, високата предност од првата четвртина и искуството на повозрасните играчи во ростерот на Петровиќ ја сочуваа победата.

Најефикасни во составот на домаќините беа Филип Думиќ со 16 поени, додека со два помалку мечот заврши за Бранислав Ѓекиќ.

Кај гостите со 19 поени најефикасен на мечот беше Стефан Младеновиќ, 12 реализираше Давид Миладиновиќ, а поен помалку Лука Милојевиќ.

Со оваа победа кумановци се повторно на шесттата позиција во табелата, а веќе следниот викенд силите ќе ги одмерат на гостински терен против составот на актуелниот шампион Работнички.

Loading...

Leave a Reply