Кошаркарите на Куманово остварија убедлива победа на денешниот натпревар од 9. коло на домашниот шампионат, откако со резултат 95:69 го совладаа составот на Шкупи од Чаир.
Loading...
Избраниците на Александар Петровиќ убедливо го започнаа мечот и одржуваат константно водство. Првата четвртина играа рамномерно со кошаркарите на Шкупи, без поголема разлика во резултатот, па по истекот на првите 10 минути од средбата кумановци беа само половина кош во позитива односно имаа водство со 17:18.
Втората четвртина убедливо ја добија кошаркарите на Куманово, па на полувреме заминаа со водство од 14 поени, односно резултат 43:29.
Loading...
Кратката пауза не донесе промена во резултатот, откако кумановци продолжија да го полнат кошот на Шкупи. Третата четвртина гостинскиот состав реализираше 23 поени, наспроти 14те на домаќините. Завршните 10 минути од средбата Куманово ги одигра рутински со помош на подмладокот на составот.
Ова е трета победа во низа на КК Куманово, откако се откажаа од БИБЛ лигата, а се засилија со Мекиќ и Стајиќ.
Двоцифрен број на поени на крајот на мечот имаа шестмина кошаркари на Куманово. Најефикасен со 16 поени, четири скока и пет асистенции беше капитенот Марјан Јанески, а со поен помалку мечот заврши за Никола Караколев и Немања Миљковиќ.
Во составот на Шкупи најефикасен беше Џозеф Тејлор со 23 поени и 17 скока, додека со 19 поени натпреварот заврши за Тајрон Херис.
Loading...
Ова е трета победа во низа за кошаркарите на Куманово, а прв пораз на Шкупи по двете победи кои ги реализираа над Карпош Соколи и Струмица.
Следниот меч „сино-белите“ го играат на домашен терен, кога на 12. декември го пречекуваат составот на Блокотехна.