Кошаркарите на Куманово деновиве активно се подготвуваат за првиот натпревар во рамките на БИБЛ Лигата. Напорни тренинзи и креирање стратегија деновиве е главната преокупација на изабраниците на Марјан Србиновски со оглед дека целосното оформување на екипата се случи со задоцнување.
Loading...
Веќе во вторник на домашен терен играчите на Кошаркарскиот клуб Куманово го пречекуваат тимот на Теодо од Црна Гора.
Немаме многу време за да се спремиме специјално за тој натпревар пошто немаме некои информации, видео ленти и такви работи, но што е тука е. Очекувам дечките да дадат максимум на тој натпревар и да извојуваме добар резултат – изјави тренерот Марјан Србиновски.
Покрај подготовките за балканската лига, воедно сино-белите се подготвуваат и за домашното првенство, а како загревање беше одигран пријателски меч со тиот на Фени Индустри.
Натпреварот го добивме десетина разлика, но резултатот беше во втор план. Полека гледавме некои работи што сме ги работеле на тренинг, што функционира, што не функционира, што треба да поправиме за првенството. Имаше добри работи, нормално и лоши работи за овој период, пробуваме низ тренинзи тие лоши работи да ги отфррлиме, тие добри да ги задржиме и да ја подобриме играта – додава Србиновски.
Loading...
Најново засилување за тимот е центарот Радослав Пековиќ кој минатата сезона ја играше во редовите на српскиот прволигашки клуб Тамиш.
Во клубот супре ме прифатија, значи како член на семејството. Има една убава атмосфера владее меѓу играчите во тимот и стручниот штаб, се увствувам навистина како дома, организацијата е на високо ниво, а првите впечатоци се навистина феноменални. Сега пристигнав, се гледа дека екипата уште малку треба да се воигра, но познавајќи ги останатите противници мислам дека добро ќе напредуваме и во балканската лига, но и во домашното првенство – изјави Радослав Пековиќ, кошаркар на КК Куманово.
Радослав Пековиќ е четвртото странско засилува за претстојната сезона за македонскиот вицешампион, а претходно тимот се збогати и со Милорад Пековиќ, Стефан Живановиќ и Данило Мијатовиќ кој минатата сезона играше во дресот на МЗТ Скопје Аеродром.