Кошаркарите на Куманово и целиот стручен штаб се негативни на коронавирусот, откако беа тестирани по втор пат пред почетокот на новата сезона во домашното првенство.
Loading...
– Денеска ги добивме резултатите и сите кошаркари и членови на стручниот штаб повторно се негативни. Ова е второ тестирање на клубот и повторно немаме позитивни случаи, изјави претседателот на КК Куманово Александар Крстевски.
Инаку, како што додаваат од управата, се очекува да се одржи координација во пресрет на новата сезона, чиј почеток е се уште неизвесен.
Никола Ивановски