Коронавирусот најверојатно протекол од кинеска лабораторија, тврди шефот на ФБИ

Сподели со своите пријатели

Шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, изјави за Фокс њуз дека е донесен заклучок дека пандемијата на коронавирусот најверојатно настанала како резултат на инцидент во кинеска лабораторија во Вухан.

Loading...

Кристофер Вреј ја обвини кинеската влада дека „прави се за да ги спречи и попречи“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата, пренесува Ројтерс.

Волстрит журнал во неделата објави дека Министерството за енергетика на САД верува дека пандемијата на коронавирус е предизвикана од истекување од кинеска лабораторија.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во понеделникот изјави дека САД сè уште не донеле конечен заклучок за причините за пандемијата на корона вирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планот на Трамп за Украина: Територијални отстапки, но без разговори за влез во НАТО