Коронавирусот го откажа натпреварот Куманово – Берое

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово нема да го одигра мечот против бугарскиот Берое во рамките на БИБЛ лигата кој беше закажан за задутре.

Loading...

Причина за одложувањето е појава на кошаркари заразени со коронавирусот во тимот на Берое од бугарска Стара Загора.

Утре против истиот клуб требаше меч да одигра и скопски ТФТ, но и тој меч е одложен.

Засега не се знае кога ќе се одиграат овие натпревари.

Следниот закажан на Куманово е против Академија Пловдив на 12ти месецов.

Никола Ивановски

Leave a Reply