Мечот помеѓу Куманово и МЗТ Скопје Аеродром кој денеска требаше да се одигра во 17 часот е одложен поради појава на позитвен случај во редовите на Куманово.
Loading...
Еден кошаркар е позитивен на Ковид-19, додека уште неколку имаат симптоми на инфекцијата, што беше аларм Кошаркарската федерација да го одложи денешниот натпревар, а на тоа се сложило и раководството на МЗТ со цел да се спречи дополнително ширење на вирусот.
Пандемијата годинава предизвика многу одложувања во Првата кошаркарска лига, а низа натпревари постојано се одложуваат.
Куманово веќе еднаш имаше проблеми со вирусот, кога и целиот тим беше во изолација, а неделава одигра веќе три натпревари во домашната лига и БИБЛ.
Никола Ивановски