Властите во Шри Ланка денеска ги затворија дури и своите клучни служби и дополнително го проширија полицискиот час за да го спречат се побрзото ширење на коронавирусот.
Loading...
Министерството за надворешни работи на една недела ја затвори конзуларната канцеларија и сите други служби со цел да се спречат собирања во канцеларии.
Министерството најави дека ќе обезбеди помош само во врска со смрт на државјани на Шри Ланка во странство, и тоа само со договор.
Државните служби – даночната, имиграциската, пензиската, администрација што издава лични документи и документи за возила, исто така се затворени на една недела.
Јасмина Тасевска