Корисно е да се слуша музика само по час на ден

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека слушањето музика подолго од еден час на ден може да биде опасно за слухот, соопштува Би-Би-Си.

МОЌТА НА МУЗИКАТА: Се будат телото, сетилата, емоциите…

Loading...

Според СЗО над 1 милијарда тинејџери и млади возрасни се изложени на опасноста од постојана загуба на слухот, бидејќи слушаат премногу музика и премногу силно. Исто така закана за слухот се и концертите и баровите, кои се посетуваат од многу млади.

Како реагираат денешните тинејџери на музиката од 90-те (видео)

Според организацијата во моментов 43 милиони луѓе на возраст меѓу 12 и 35 го изгубиле слухот и овој број се зголемува. Во оваа возрасна група половина од лицата со високи и средни примања се изложени на нездрави нивоа на звукот од своите звучни уреди, а на 40% им се заканува инвалидност поради барови и клубови.

Девојките „паѓаат“ на романтична музика

Покрај слушањето на музика до час, штетата од силните звуци можат да бидат ограничени и со ограничување на гласноста на радиото или плеерот до 60% од својот максимум. Исто така организацијата препорача употреба на слушалки кои елиминираат надворешни звуци, за да може да не се зголемува непотребно музиката. Добро е да се прават и паузи во слушањето и да не се стои во близина на колони во баровите и дискотеките.