Корисник на Гугл мапс пронајде огромен леден брод, но за што всушност се работи? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Љубител на „Гугл мапс“, односно откривање на привлечностите што ги крие нашата планета, откри мистериозен „леден брод“ долг дури 122 метри, на 160 километри од брегот на Антарктикот.

Loading...

Која е целта на ледениот брод на Антарктикот

Веднаш на својот канал на Јутуб ја објави веста за мистериозното откритие.

Видеото првично прикажува големо парче мраз, кое се издига над белиот пејзаж, а кога во еден момент се вклучува 3Д прегледот, насипот добива форма на брод со низа прозорци, неколку палуби и оџаци.

 

 

Некои луѓе всушност веруваат дека овој „брод“ служел за транспорт на елитата во случај на глобална катастрофа, односно ако славните и богатите исчезнат, „ќе знаеме каде да бараме“.

Loading...

Од друга страна, се верува дека во него се кријат скапоцености, додека некои тврдат дека станува збор за тајна нацистичка база.

– Изминатите 10 години се запознав со нашата планета. Снимам сè што ќе забележам дека е интересно – од длабочините на морето до вселената. Оваа сцена е едноставно неверојатна! – рече креаторот на снимката.

 

Leave a Reply