Корисниците за додаток за трето и четврто дете да ги обноват документите

Loading...
Сподели со своите пријатели

Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово информира дека согласно Законот за заштита на децата започна со прием на барања за годишна обнова – продолжување на стекнатите права на родителски додаток за трето и четврто дете.

За корисниците на правото на родителски додаток за трето дете се однесува на сите корисници кои со ова право се стекнале заклучно со 23.03.2020 година.

Прием на документите за продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31.03.2021 година а потребно е освен барањето бр 5. да се достават следните документи

– Лична карта на носителот на правото на увид

– Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд

– Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото

– Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Куманово документите треба да ги достават на шалтерите во просториите на Детска заштита каде можат да го добијат и барањето.

Loading...

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Липково документите треба да ги достават во канцелариите на Службата во Општина Липково, додека корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Старо Нагоричане документите треба да ги достават во канцеларијата на Центарот во Општина Старо Нагоричане.

Интегрално соопштение: Центар за социјална работа Куманово

Leave a Reply