Некои од корисниците на „deep-web“ одлучиле да откријат што таму може да се види, а некои работи навистина се вознемирувачки.
„Dark-web“ е најтајанствениот дел од интернетот, а таму можете да најдете се она што на „нормалниот“ дел од интернетот нема да го најдете затоа што не е легално. На „deep-web“ не можете да пристапите од вообичаените прелистувачи како „Хром“ или „Мозила“, а тоа го прави совршено место за сите без морал, перверзњаци, дилери на дрога и други кои имаат потреба од платформа за продажба на услуги или пронаоѓање содрижини кои на друго место не би ги пронашле.
Понекогаш случајните корисници на интернетот залутаат во тој таинствен свет, а на Reddit одлучиле да зборуваат за тоа што го виделе таму.
„Корисници на „deep-web“ кои сте на Reddit, што е најлуда и најпореметена работа која сте ја виделе“ – прашува еден корисник, а одговорите кои рпистигнуваат не можете да ги замислите.
„Постојат тони руски педофислки порно филмови, како и група луѓе кои огласуваат услуги да убијат кого сакате“ – пишувам GUMP1147.
„Најинтересна работа која сум ја пронашол се страници кои ви помагат во целост да го промените идентитетот. На пример, за износ од 6.000 до 10.000 долари можете да добиете американска идентификациска картичка, пасош, возачка дозвола и сите потребни документи з ада се преселите во Америка под ново име. Освен тоа, тука има интересен PDF документ со 1.000 страници во кој поранешен затвореник пишува како да преживеете во завор, како да дилате дрога во затвор, како да набавите оружје…“ – објаснува DRIXGOD.
„Постојат туторијали за изработка на бомби, за започнување различни злосторства, измами…“ – пишува VLEDA.
„Огромни количини дрога кои тука се продаваат“.Немам претстава дали тоа е истина, но луѓето тврдат дека имаат килограми и килограми кокаин, хероин и слично“ – пишува LUKEPA.
„Најчудното срање кое го имам видено на интернет е огласување на медицински услуги. Имено, тврдат дека имаат полни складишта со луѓе во различни земји и различни состојби (од бездомници од Њујорк до робови во земјите од третиот свет). За одредена сума на пари можете на луѓето да изведувате експеримент каков и да посакате. Осве тоа, имаат објавено документи за експерименти кои сами ги спроведувале. Обично станува збор за испробување работи кои можат да го убијат човекот или да предизвикуваат абортуси. Тоа е една од највознемирувачките работи кои ги имам видено, затоа што изгледаше реалистично и помала е веројатноста дека е некоја измама, како огласување на професионални убијци“ – напишал CRISISOFCONSONANT.
„Убијци кои продаваат оружје во Европа, па дури и во Обединетото Кралство каде не е можно да се добие дозвола за оружје. Изгледаше како да потекнува од Источна Европа (но, не сум експерт), а цената беше помала од 1.000 фунти“ – пишува SUGARCOATEDKNIFE.
„Не сум сигурен дека е реално, но некој објави водич како човекот да го претворите во секс кукла која не може да комуницира. Пишваше за шење на гласните жици и екстремитети, замена на заби со силикони. Авторот тврдеше дека киднапирал неколку жени на кои тоа им го направил“ – раскажува JORTSS.
Секако ова е само мал дел од хоророт зад името „deep web“, а во наредните неколку дена ќе ви пренесеме нови искуства од овие застрашувачки делови од интернетот.