Сопственикот на Фејсбук Марк Зукерберг го прекина долгото молчење, изрази желење и ги призна грешките по повеќедневната полемика околу недозволената употреба на лични податоци на милиони корисници на социјалната мрежа што го нрапвила всушност британската фирма Кембриџ аналитика. Акциите на Фејсбук изгубија на вредност за нови 1,5 отсто.
Зукерберг: Јас го основав Фејсбук, ја прифаќам одговорноста
Loading...
Основачот на Фејсбук во ексклузивно интервју за CNN вети дека компанијат аќе ги преземе сите мерки за ги заштити податоците на корисниците. Зукерберг изрази и подготвеност, доколку биде повикан да сведоичи пред Конгресот на САД, но и да учествува во пишувањето на новата регулација на однесување.
Фејсбук загуби 37 милијарди долари, Зукерберг четири
– Тоа беше голема повреда на довербата и навистина ми е жал што тоа се случи. Ние имаме основа одговорност да ги заштитиме податоците на луѓето и ако тоа не можеме да го направиме,тогаш не заслужуваме да имаме можност да им служиме на луѓето, рекол Зукреберг.
Суспендиран директорот на компанијата поврзана со аферата со податоци на Фејсбук
Британскиот министер за култура Мет Хакок изјаив дека бетувањето на Зукерберг дека ќе ја промени социјалната мрежа по скандалот поврзан со Кембриџ аналитика не е доволно.
Хакок рекол дека парламентот и општеството треба да донесат правила за приватноста и иновациите, а не една компанија.
Огромен пад на вредностана Фејсбук по аферата со податоците
– Настаните во врска со злоупотребата на податоците од Фејсбук во САД се голем сакндал. барам објаснување дали дошло до злоуптреба на податоците на корисниците на Фејбсук во Германија, рекла Катарина Барли, германската министерка за правда.
ЕУ започнува истрага против Фејсбук
Адвокатските канцеларии во Америка објавила дека поднеле групи тужби во име на граѓаните и акционерите на Фејсбук, а погрената е кампања корисниците да престанат да го користат Фејсбук. Вработените во седиштето ја бранат компанијата во која работат.
– Мислам дека се е прилично сигурно. на Фејсбук можете да го подесите нивото на приваноста, ако мислите дека сте загрозени, велат тие.