Копер го сруши рекордот во Словенија, ноќната температурата не падна под 28 степени

Сподели со своите пријатели

Градот Копер во Словенија забележа рекордно најниска дневна температура, бидејќи не падна под 28 степени во текот на сите 24 часа, објавија денес словенечките медиуми.

Loading...

Температурата не падна под 28 степени дури ни во градот Марковец, додека најниската дневна температура во бројни градови низ Словенија беше 25 степени, јавува СТА.

Според податоците од Словенечката агенција за заштита на животната средина, новиот национален рекорд за најниска дневна температура од 28 степени е за еден степен повисок од претходниот рекорд.

Поради високата топлина, особено во раните и доцните попладневни часови, во југозападниот дел од земјата е издадено „портокалово“ ниво на временско предупредување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црногорската полиција со хеликоптери и дронови во потрага по пиромани

Според СТА, тревогата ќе остане на сила и во наредните денови, бидејќи се очекува топлината да биде уште полоша за време на викендот, јавува Танјуг.