Хуманитарниот конвој помина низ новоотворениот граничен премин во северозападна Сирија, контролирана од бунтовниците, каде што помошта бавно пристигнува по минатонеделниот земјотрес.
Конвој од 11 камиони на ОН влезе во Сирија преку новоотворениот граничен премин Баб ал-Салам, откако Дамаск се согласи да ѝ дозволи на светската организација да го користи преминот за помош, пренесува Франс прес.
ОН досега испратија повеќе од 50 камиони со помош преку преминот Баб ал-Хава.
По меѓународниот притисок, сирискиот претседател Башар ал-Асад дозволи користење на уште два премини, Баб Ал-Салам и Ал-Раи, во период од три месеци.
Активистите и локалните тимови за вонредни состојби го осудија бавниот одговор на ОН на земјотресот во областите под контрола на бунтовниците, посочувајќи на авионите со хуманитарна помош што се доставуваат до аеродромите под контрола на владата.