Четири лица биле приведени викендов во голема акциска контрола на полицијата низ казината во Куманово, а затекнат бил и еден малолетник.
– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 00:00 до 02:00 часот на 04.01.2026, полициски службеници од СВР Куманово, извршија контрола на девет казина на подрачјето на Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, како што стои во соопштението, извршено е легитимирање на 166 лица и преглед на 73 лица, при што било затекнато едно малолетно лице и биле лишени од слобода четири лица, од кои две за утврдување на идентитет и две поради основи на сомнение дека се можни сторители на кривично дело.
Никола Ивановски

