Конституирана Градската организација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје

Сподели со своите пријатели

На денешната прес-конференција, Игор Филков, претставник на движењето „ЗНАМ – За Наша Македонија“, соопшти дека е и официјално конституирана Градската организација на Движењето ЗНАМ – Скопје. Настанот беше проследен со силни пораки за политичка мобилизација, вредносна определба и визионерска промена.

Loading...

„Овој чекор не е само формалност. Ова е почеток на една сериозна, силна и решителна политичка борба“, истакна Филков, додавајќи дека од срцето на државата, Скопје, се праќа „гласна порака дека промената што ја бараат луѓето насекаде низ Македонија, веќе добива своја форма, структура и сила“.

За претседател на градската организација едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ – магистер по електротехника и информациски технологии, актуелен заменик министер во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со богато искуство во автомобилската индустрија и енергетиката.

Филков нагласи дека со Движењето ЗНАМ се приклучуваат „луѓе со огромен интегритет и професионален авторитет“ и ја посочи листата на истакнати членови:

Проф. д-р Горан Ајдински, редовен професор на Филозофски факултет

Силвана Кржовска, директорка на гимназијата „Јосип Броз Тито“

Генерал Горанчо Котески, поранешен началник на Генералштабот

Проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, ректорка на Европски универзитет

Loading...

Јорданчо Давитков, легенда на македонската кошарка

Мире Јанев, сопственик на „Play Café“

М-р Крумислав Мишко Барзов, член на европското жири за автомобил на годината

Проф. д-р Ѓоко Буневски, експерт во сточарството

М-р Александра Цветановска, долгогодишна активистка во НВО секторот

Проф. д-р Радмила Чрчева Николова, професор на Ветеринарниот факултет

Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на ФК Вардар и фудбалска икона

„Ова се луѓе со непобитен кредибилитет, со изграден авторитет и биографии кои вредат многу повеќе од празните изборни ветувања“, рече Филков. Според него, тие не се „партиски послушници ниту политички марионети“, туку гласот на оние што долго време биле „разочарани, отуѓени и тивки“.

Loading...

Во своето обраќање, тој не заобиколи и директна критика кон владејачките елити, велејќи: „Доста беше од власт без совест! Доста беше од молчење додека младите ни заминуваат!“

Движењето ЗНАМ, како што потенцираше, не нуди „тајни политички договори, туку јавен договор со граѓаните“, а новоформираната скопска организација ќе биде „бастион на слободата, креативноста и урбаната визија“.

„Скопје не смее да биде ничија колатерална штета, ниту пак заложник на тајни коалиции во политичкиот театар на елитите. Скопје заслужува подобро. Скопје заслужува чесност, визија, дух и иднина. Време е за вистински промени. Време е за нас. Ние сме тука. И нема да отстапиме“, рече Филков.