Конституиран Советот на општина Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот Совет на општина Гевгелија попладнево ја одржа конститутивната седница на која беше верификуван мандатот на 19 членови од кои 10 од СДСМ и коалицијата, седум од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и двајца незавини советници. На седницата за претседател на Советот со 10 гласови за и девет воздржани е избран Ташко Дојчинов, кој беше носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

– Се надевам дека во наредните четири години сите ние ќе имаме успешна и плодна соработка како Совет на општина Гевгелија во интерес на сите граѓани. Истовремено, ќе настојуваме да ја оправдаме довербата од граѓаните и заеднички ќе одговориме на нашите обврски бидејќи тоа е единствениот начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги задоволиме нивните интереси, рече Дојчинов.

Советот на денешната седница ја конституира и Комисијата за избори и именувања за чиј претседател беше избран советникот Тодор Ристов.

Извор: МИА