Неевидентирани семки од канабис, растителна маса и одгледување растенија во надворешни услови без дозвола откриле полициски службеници во објект за одгледување марихуана за медицински цели во кумановско.
– На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, при контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис.
– Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски