Конкурс за 25 работни места во Армијата на Република Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана објави конкурс за 25 работни места во Армијата на Република Македонија. Се бараат лица со завршено најмалку додипломски студии, кои по завршувањето на стручното оспособување и усовршување т.н. офицерски курс во времетраење од шест месеци,  веднаш ќе бидат произведени во чин поручник и ќе добијат постојано вработување во АРМ.

Се бара едно лице за интендандантска служба, едно лице за метеоролошка служба, девет лекари по општа медицина, 12 лица за техничка служба и тоа 7 дипломирани машински инжениери, 3 дипломирани електро инженери, 2 дипломирани инженери по информатичка технологија, како и две лица за финансиска служба.

На конкурсот можат да аплицираат лица не постари од 28 години кои ги исполнуваат останатите услови на објавениот повик за пријавување чиј краен рок е до 01.10.2016 година.