Конго продава скапоцени дождовни шуми за истражување на нафта и гас

Сподели со своите пријатели

Владата на Демократска Република Конго распиша тендер за доделување на 52 блока концесии за истражување и дупчење на нафта и гас, што би можело да отвори повеќе од половина од територијата за експлоатација на фосилни горива.

Loading...

Ова се региони што опфаќаат 124 милиони хектари земјиште и внатрешни води, вклучувајќи ги и некои од највредните живеалишта на дивиот свет на планетата, пишува The Guardian.

Најлошо место за дупчење

Според научниците и активистите, ова е „најлошото место во светот за барање нафта“.

Понудените терени вклучуваат густи дождовни шуми, тресетишта и мочуришта што складираат големи количини јаглерод и се дом на загрозени низински горили, бонобо и други ретки видови.

И покрај ова, владата на ДРК одлучи повторно да ги понуди овие области откако претходниот тендер во 2022 година беше откажан поради низок интерес.

„Најлошото место во светот за барање нафта е повторно на аукција“, рече Сајмон Луис од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој го предводеше првиот тим за мапирање на централните мочуришта на Конго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца убиени и двајца ранети во напад со нож во Лондон

„Ниту една сериозна компанија не треба да инвестира во дупчење во шумите и мочуриштата на ДРК бидејќи веројатно нема доволно нафта за комерцијално производство, а трошоците би биле огромни, финансиски, социјални и еколошки“, рече Луис.

Според извештајот на организацијата Earth Insight, дури 64% од територијата опфатена со тендерот е покриена со недопрени тропски шуми. Иронично, планот е во директен конфликт со претходно објавениот проект Киву-Киншаса Зелен коридор – еколошка иницијатива со која владата се обврза да ја заштити животната средина.

Loading...

Во извештајот се наведува дека 72% од планираниот коридор се преклопува со областите наменети за концесии за нафта.

Кувет Централе – најголемото тропско мочуриште во светот – е исто така меѓу регионите што би можеле да бидат отворени за дупчење.

Тресетиштата со големина на Непал складираат 30 милијарди тони јаглерод и се дом на низински горили, шумски слонови, шимпанза и ендемски птици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сексот не смее да стане забава, порача Папата до младите

Притисок поради недостаток на меѓународно финансирање

Меѓународната заедница претходно потпиша 10-годишен договор вреден 500 милиони долари со ДРК како дел од Централноафриканската шумска иницијатива (CAFI), но досега се исплатени само 150 милиони.

Според изворите, ова е една од причините зошто владата сега бара алтернативни извори на приход преку експлоатација на фосилни горива.

Еден извор ја опиша ситуацијата како „колективен неуспех“, истакнувајќи дека недостатокот на финансиски стимулации за зачувување на шумите ја принудила земјата да се сврти кон нафта и гас.

39 милиони луѓе се изложени на ризик

Освен еколошките последици, предложените концесии би можеле да имаат сериозни социјални последици.

Според проценките, дури 39 милиони луѓе живеат во овие области, вклучувајќи бројни домородни народи кои зависат од шумите и реките за опстанок.

Loading...

„Замислете: 39 милиони Конгоанци… и 64% од нашите шуми би можеле да бидат директно погодени од распределбата на овие блокови“, рече Паскал Миринди од Нотр Тере Санс Петрол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународниот аеродром во Дубаи пречека рекордни 46 милиони патници за пола година

„И сето ова додека владата го промовира еколошкиот коридор Киву-Киншаса. Каде е логиката? Каде е конзистентноста? Ги потсетуваме нашите лидери дека народот на ДРК е вистинскиот носител на суверенитетот. Нема да молчиме додека некои се подготвуваат да ја продадат нашата иднина“, рече Миринди.

Во извештајот се повикува владата и меѓународните партнери да го откажат тендерот за 2025 година и да се фокусираат на модели на развој што ги почитуваат правата на локалните заедници и ја штитат животната средина.

„Развојот на нафта и гас во овие чувствителни екосистеми би имал катастрофални последици за биодиверзитетот, заедниците, сопственоста на земјиштето и глобалната борба против климатските промени“, рече Ана Бебингтон од Earth Insight.

Владата на ДРК не одговори на барањата за коментар до моментот на пишување на овој текст.