Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ја организира шестата конференција за ретки болести.
Конференцијата е за педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за семејна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекари од Македонија и од Југоисточна Европа.
– Благодарејќи на овие состаноци повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат. Истовремено, нови гени, нови молекуларни механизми на настанок на болести и нови лекувања резултираа од истражувањата и во нашата земја, соопшти МАНУ.
Поддржувачи на конференцијата се Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија.
Извор: МИА

