Концертот „MOZART vs POULENC“ вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот „MOZART vs POULENC“, на кое ќа настапи трио на обоа, фагот и пијано.

Loading...

Составено од тројца етаблирани музичари, Татијана Петрушевска Караскаковска на обоа,Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано, ова трио ги здружи своите сили во 2014.

Сите остварени и потврдени уметници со своите инструменти, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар.

Формирање на камерни ансамбли од секаков вид е потребно и полезно за музичарите, од аспект на соработка,зголемување на репертоар,изведување на дела кои не се само за соло инструмент,туку се во соработка со други онструменти. Во овој ансамбл имаме обоа и фагот во соработка со пијано,тоа ни овозможува широк спектар на репертоар, на кој има композиции од различни епохи, форми и кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за изведување. Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В.А. Моцарт, Ф. Пуланк се дел од композиторите, информираат организаторите.

Првиот свој настап триото го имаше на концертот и промоцијата на ЦД во чест на флејтистот Илија Зимбо,следуваат концерти во Демир Капија, Куманово, Виница, Скопје.

Концертот ќе се одржи во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Leave a Reply