Концерт посветен на Миодраг Божиновски утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под името „Музичкиот свет на Миодраг Божиновски“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 20 часот, ќе се одржи голем концерт посветен на големиот композитор и музичар од Куманово.

Loading...

Целата македонска естрада ќе пее во име на Божиновски, а на сцената ќе се појават: Магдалена Божиновска – Стојанова, Никола Давидовски, Маргица Антевска, Октет Куманово, Група Сирма, Перо Христов, Сандра Милковска, Момчило Куфојанакис, Весна Ангелова – Христов, Ефто Пупиновски, Нино Величковски и Виолета Томовска.

Концертот ќе биде реализиран со придружба на големиот народен оркестар “Пријатели” под раководство на маестро Дарко Илиевски и маестро Миле Барбаровски. Орце Гелевски и Татјана Петровска ќе не спроведат во овој музички времеплов со сценарио на Огнен Неделковски, информираат од Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, кои се организатори на настанот.

Миодраг Божиновски е роден на 20 мај 1952 година, а почина на 10 август 2011 година. Во својата музичка кариера забележа голем број хитови кои ги направи за поголеми музички имиња од макеоднската музичка сцена, меѓу кои „Стариот џумбушлија“ „Свирете ми тамбури“, „Во светот на Бајките“, „Бабино девојче“ и многу други.

Билетите за концертот се бесплатни и може да се подигнат на билетарата на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Leave a Reply