Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, денеска соопшти дека руската армија во регионот Лавов го уништила украинскиот магацин со муниција за оружје што и биле доставени на Украина од земјите на НАТО.
Loading...
„Руски високпрецизни проектили со голем дострел – калибар уништија складиште со муниција наменето за оружје што земјите од НАТО и го доставуваа на Украина во близина на селото Золочив, Лавовската област“, рече тој на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Тој прецизираше дека е уништен магацинот за муниција за американските хаубици М777, калибар 155 милиметри, пренесува РИА Новости.