Секоја земја што ќе ѝ понуди свои аеродроми на Украина за напади врз Русија може да смета дека влегла во конфликтот, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Користењето на мрежата на аеродроми на други земји како база за украинските воени авиони и нивната подоцнежна употреба против руските вооружени сили може да се смета за вмешаност на овие земји во вооружениот конфликт, рече Конашенков, пренесе Интерфакс.
Русија предупредува: „Ќе гаѓаме воени фабрики. Уништени се речиси сите украински борбени авиони“
Москва тврди дека во Украина е развиено биолошко оружје
Документите, кои руската страна ги добила од вработените во украинските биолошки лаборатории, потврдуваат дека компонентите на биолошкото оружје се развиени во Украина во непосредна близина на Русија, рече Конашенков.
„Добиените документи потврдуваат дека развојот на компонентите на биолошкото оружје е извршен во украински биолошки лаборатории, во непосредна близина на руска територија“, рекол Конашенков, а пренесува „Спутник“.