Orwl PC е интересен мини компјутер кој ветува напредна безбедност и заштита. Освен различните софтверски безбедносни опции, овој компјутер може и да се „самоуништи“ ако некој физички се обиде да го хакира.
Компјутерот може да се конфигурира со Windows, Qubes OS и Ubuntu системите, нуди поддршка против UEFI и DMA напади, како и против USB заснованите напади.
Meet ORWL PC, the most secure home computer ever. Yes, it can self-destruct. https://t.co/BhfcJzAXfS by @Gordonung pic.twitter.com/To0AVAQNcj
— PCWorld (@pcworld) September 14, 2016
Loading...
Тука е и специјален „key fob“ (мал безбедносен хардверски уред со вградена аутентификација која се користи за управување и обезбедување пристап на мрежите на податоци) со NFC поддршка, кој верификува дали корисникот е авторизиран за пристап на компјутерот. Кога копчето е надвор од дометот, компјутерот автопатски ги заклучува сите USB портови. Компјутерот многу успешно се брани од физичко хакирање на начин да детектира промени во електричните компоненти дури и кога е исклучен. Ако забележи дека некој планира физички да го хакира уредот, трајно го брише клучот за енкрипција, што значи дека хакерот не може да пристапи на податоците кои се наоѓаат на него.
Happy to announce that we have passed 400% funding on crowd supply on ORWL! Thank you for the trust. More on https://t.co/sB8kwidKFc pic.twitter.com/iXCySXP5CD
— //::ORWL::// (@Orwlr) May 9, 2017
Сета оваа заштита и безбедност имаат и своја висока цена. Компјутерот на пазарот ќе се најде следниот месец по цена од 1.699 долари за моделот со Core m3 proccesor, додека цената за Core m7 моделот ќе изнесува 2.399 долари.