Компилација од вчерашниот протестен марш низ Куманово (видео+галерија)

Сподели со своите пријатели

На вториот ден од протестите во Куманово, граѓаните излегоа на масовен марш по улиците низ централното градско подрачје, за да го искажат револтот од одлуката на Иванов за аболиција на политичарите осомничени за криминални дејствија.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”342″]

 

Судејќи по паролите, тие дадоа голема поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и порачаа дека нема да одат против институциите, бидејќи тие се сопственост на нардото.

На протестот се обрати Марио Арангеловски, пејач и студен по социологија кој на кумановски дијалект им објасни на своите сограѓани дека треба да застанеме против криминалот и да градиме иднина која ќе биде добра за сите. Тој рече дека миграцијата претставува евакуација од Македонија.

Свое обраќање имаше и претставник на Сојузот на полициски и армиски ветерани кој насобраниот народ го повика заедно да покаже колку се сака државата, а упати и критики на смета на Тони Михајловски кој секојдневно ја брани идеологијата на власта и шири пропаганда на контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот започна, но и заврши во мирна атмосфера. Освен слободоумните граѓани, учество зедоа и истакнати политички лица од локалната власт, но не во својство на организатори, туку како поддржувачи на барањата на граѓанското движење „Протестирам“.

Инаку, немаше никакво нарушување на јавниот ред и мир, а полициското обезбедување беше во минимален број.