Германската компанија „Дрекслермаер“ од Кавадарци има потреба од 200 работници. Деновиве менаџерски тим на компанијата се наоѓа во Центарот за вработување во Куманово каде сите невработени лица ќе можат да аплицираат за работа.
Компанијата која инаку се занимава со производство на електрични кабли за автомобисла индустрија, ќе обезбеди превоз на релација Куманово – Кавадарци и еден оброк за работниците.
Апелирам до оние кои имаат потреба од работно ангажирање да повелат во Центарот за вработување во Куманово. Огласот е отворен за сите лица со основно и средно образование. Имаме побарувања за 200 лица од општина Куманово – изјави Милорад Тренчевски, раководител на Центарот за вработување Куманово.
Предност при вработувањето ќе имаат невработените лица од електро и металската струка.