Компанијата во сопственост на „Амазон“ на Џеф Безос, „Блу Ориџин“, изврши проблен лет на ракета која носела вселенска капсула, наменета за превоз на туристи.
Ракетата „Нов пастир“ полетала денеска од западниот дел на Тексас во САД, а откако капсулата се одвоила од главното тело на ракетата, достигнала височина од 119 километри, пренесува АП.
Денешниот патник била куклата Манекин Скајвокер, наречена по истоимениот лик од „Star Wars“, Анакин Скајвокер.
Летот траел 11 минути и капсулата безбедно слетала на земјата. Ова е деветти пробен лет на ракетата од компанијата „Блу ориџин“, наведува АП.
Компанијата би требало да најави кога ќе започне летови во вселената и колку тоа ќе чини.
На Безос моментална конкуренција му е Ричард Бренсон, сопственик на компанијата „Вирџин галактик“, која според најави годинава би требало да започне со носење на првите туристи во вселената. За летовите на Бренсон се пијавиле околу 500 луѓе, а поединечен билет чини 250.000 долари.
Безос моментално е „тежок“ околу 150 милијрди долари, како наведува Блумберг, додавајќи дека неговото богатство го надминува онаа на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс за 55 милијарди долари.