Компаниите и училиштата во Куманово во заедничка мисија за стручно образование (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претставници на училиштата и компаниите од Куманово денеска во кружната сала на поранешен Комитет имаа средба на која дебатираа за взаемна соработка во рамки на проектот „Учи паметно – работи стручно”.

Loading...

 

 

На денешната средба беше претставена анализа од претходно спроведен анкетен прашалник спроведен во 69 локални компании.

– Таа анализа денеска ќе биде претставена на компаниите од страна на директорите и членовите на стручните служби и секако наставниците од средните стручни училишта за потребите на компаниите за пополнување на работни места од аспект на нови струки кои можат да бидат опфатени во наредната учебна година, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование при Општина Куманово.

 

Loading...

 

Стручното образование, односно дуалните паралелки во изминатите години се многу популарни бидејќи им носат повеќе знаење и можности на учениците во поглед на ниво идно вработување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Привеен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла прашкаста материја

 

 

Дуалното образование се спроведува во соработка со компаниите кои на учениците им нудат практично усовршување на онаа знаење кое теоретски го стекнуваат во училиштата.

Она што било истакнато од компаниите во анкетата, на градот му недостасуваат работници во градежната и архитектонската струка.

 

Loading...

 

Директорката на Државното средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ вели дека досега имаат меморандоми со над 80 компании со кои соработуваат во поглед на дуалното образование.

– Имавме најголем интерес за техничар за патен сообраќај, потоа за здравствена струка и од земјоделско-ветеринарна. Најмалку како и секогаш интерес има за тригодишните струки. Сега веќе имаме интерес од деветтооделенци кои сами се јавуваат и доаѓаат и од тоа гледаме дека пак веројатно ќе има најголем интерес за ови струки. Од денешниот состанок ќќе видиме што ќе има интерес од компаниите, ако некаде се пронајдеме ќе побараме и таа струка да се воведе, изјави директорката Весна Трајковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученик од Куманово натепан од негови врсници

 

 

Во економското училиште „Перо Наков“ најголем интерес изминатите години има за техничар за е-трговија и дигитален маркетинг кај македонските паралелки, а за правен техничар кај албанските паралелки.

Loading...

– Голем интерес има и за техничар за графички дизајнер и мислам дека интересот и оваа година така ќе продолжи. Тенденцијата е и од претходните години најголем интерес има за овие струки, изјави директорката Мила Жибак Димковска.

 

 

СОУ „Перо Наков“ има меморандуми со над 100 компании со кои работи на полето на дуалното образование.

Во изминатите години несомнено најголем интерес за упис има во техничкото училиште „Наце Буѓони“. Токму ова училиште има паралелка направена и поддржана од компанијата „Дрекслмаер“ и кај нив настава посетуваат 20 ученици од училиштето.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен обид за грабеж во угостителски објект во Куманово, крадецот приведен

– Во почетокот на беше потполен бројот кога стартуваше, затоа што беше непознато за училиштето. Но, како одминуваше времето и одекнуваа добри коментари за фирмата и за наставата што се изведува таму, се поголем е интересот. Последната година е целосно пополнета таа паралелка. Тоа е компанија со сите нишани, лаборатории и огромни инвестиции и учениците работат во вистински услови, изјави директорот Драган Јаневски.

 

 

Во моментот се прават контакти за дуална паралелка со неколку компании меѓу кои и „ОКТА“, „Кентаурус“ и „ЕВН“.

Loading...

Целта на овие проектни активности од страна на стручниот тим, кој работи на истражување за потребите на образовниот процес, е да ги искористи направените анализи за предлог на нови насоки во средните училишни стручни центри, кои треба да ги одобри Министерството за образование и наука.

Никола Ивановски