Комисијата за односи меѓу заедниците подели маски за граѓаните на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Комисијата за односи меѓу заедниците денеска на Градскиот плоштад во Куманово подели заштитни маски за граѓаните, со цел заштита од вирусот, а воедно и да ги промовира своите цели и идеи за мултиетничко општество и соживот.

Loading...

Маски се доставени и до основните училишта „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, и „Бајрам Шабани“ и „Наим Фрашери“, на дечињата од прво до трето одделение.

– Бидејќи нашите програмски активности оваа година за жал не можевме да ги реализираме, имавме само две програмски активности одлучивме со оние минимални средства кои ги имаме да направиме еден ваков гест и да бидеме препознатливи во ова тешко време и за нашите сограѓани. За да се запознаат што работи комисијата за односи меѓу заедниците, зошто постои, што и е мисијата, кој сака ќе праша и ќе дознае, изјави Татјана Крстевска, претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците.

 

 

Како што истакна таа во редовните години, има поголем број програмски активности како работилници со интеркултурно делување, работа со деца од основни и средни училишта, организирање национални јадења и трпези.

– Самата комисија има шест националности од оваа година уште две, вкупно осум, ни се придружија хрватската и црногорската заедница. Уставно ние за жал не можеме да ги примиме како редовни членови да имаат право на глас и да одлучуваат, но сепак имаат право да слушаат и да даваат свои сугестии и мислења. Да се запознаеме едни со други во ова мултиетничко Куманово и да бидеме пример во Македонија и светот како треба да се живее со повеќе народи на исто место, на овој простор, вели Крстевска.

Loading...

 

 

Куманово, како што вели, е гетоизиран град, поделен на неколку реони по неколку националности.

– Сакаме да се зближиме што повеќе но тоа останува понатаму да се работи на таа проблематика. Треба да се работи уште од градинките, да проработат повеќе мултиетнички градинки или билингвалните, да се работи во основните, средните училишта. Треба да се работи со наслението од мали нозе, најмногу со децата. Да им се вреже во свеста што е тоа мултикултурализам и како треба да се живее со него – истакна таа.

 

 

Loading...

Во изминатите години не се регистрирани значителни инциденти на верска или национална припадност во Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply