Снимките од надзорните камери од златарница во Тајланд станаа вирални откако сопственикот на објектот ги објави на социјалните мрежи.
Имено, полицијата ја посетила златарницата за да ги обучи вработените како да реагираат во случај на вооружен грабеж. На видеото може да се види и куче чувар, хаски по име Лаки, како спие мирно пред пултот додека влегува лажен вооружен разбојник и со пиштол во раката ги прашува вработените и сопственикот да му ги предадат скапоцените камења.
И покрај немирот и заканите упатени кон неговиот сопственик, кучето не мрда никаков мускул и продолжува да спие мирно се додека „разбојникот“ не го напушти објектот.
Ова смешно видео собра над милион прегледи на Фејсбук.
„Вооружениот разбојник на ова видео е полицаец кого го знае моето куче Лаки, можеби затоа не стори ништо“, рече сопственикот во интервју за „Bored Panda“.
„Особено ми беше смешно што таа не се обиде да направи ништо и продолжи да спие мирно“, додаде сопственикот.
Луѓето се смееја на видеото, а многумина пишуваат дека Лаки знаел дека тоа е вежба – во спротивно ова ќе беше сосема друга приказна.