Комичар случајно растурил 4.000 врски и 17 бракови: Вели дека само се шегувал

Сподели со своите пријатели

Една шега на шкотскиот комичар Даниел Слос заврши во сите светски медиуми, и тоа од погрешна причина.

Loading...

Наместо да предизвика смеа, неговото шоу од само 20 минути предизвика солзи кај неколку илјади луѓе, бидејќи благодарение на него, многу парови решија да стават крај на нивната врска.

Комичарот Даниел Слос успеа да учествува во раскинување на над 4.000 врски и 17 разводи поради шега, пренесува.

Тој објасни дека секој има некаде сродна душа. Сепак, многу од нив се плашат да го чекаат „вистинскиот“ затоа што сметаат дека би останале сами. Затоа тие секогаш се обидуваат да бараат поддршка со пополнување на празниот простор со другата половина.

Како резултат, многу врски се вештачки, затоа што луѓето не сакаат да го чекаат вистинскиот партнер.

Без разлика дали таквата анализа е точна или не, таа брзо ги привлече реакциите на гледачите.

Решавајќи толку чувствително прашање, Даниел Слос добил неколку пораки од гледачите кои му се заблагодариле и тврдат дека епизодата им ги отворила очите.

– Само што завршив со гледањето на вашата емисија и се сомневав дали донесов правилна одлука или не. Сепак, прашањата и ситуациите што ги покренавте потврдија дека е во ред да кажам дека заслужувам подобро. Претпоставувам дека можете да додадете уште еден на списокот.

Loading...

Како што пренесува „Блиц“, комичарот откако добил илјадници пораки изјавил дека сè е шега и дека никогаш немал намера да ги разделува паровите.

Leave a Reply