Колумбиските власти за една година заплениле рекордни 1.100 тони кокаин

Сподели со своите пријатели

Колумбиските безбедносни сили заплениле 1.100 тони кокаин за една година, што постави нов рекорд, изјави претседателот Густаво Петро.

Loading...

„Од почетокот на работата на оваа влада ги следевме главните алки во синџирот на трговија со дрога, запленивме 1.100 тони кокаин и го зголемивме бројот на уништени нарко лаборатории за 16 отсто во однос на претходниот период“, рече претседателот во обраќање по повод првата годишнина од доаѓањето на власт, соопштија од неговата прес-служба.

Според Петров, само годинава органите на прогонот заплениле 573 тони кокаин, што, како што рече, е највисока цифра во историјата за истиот период.

Тој посочи дека во текот на 12 месеци на територијата на земјата биле извршени 290 операции против криминални структури со што е овозможено апсење на повеќе од 9.000 лица, пренесува РИА Новости.

Колумбија е водечки светски производител и извозник на кокаин.

Повеќе од 90 отсто од плантажите на кока во светот се концентрирани во таканаречениот „Андски триаголник на дрогата“, кој ги опфаќа Колумбија, Перу и Боливија.

Кока расте во мали количини на плантажи во Панама, Еквадор, југозападна Венецуела и североисточен Бразил.

Стотици тони кокаин годишно се испорачуваат од Јужна Америка во Соединетите држави, главниот и најрастворливиот пазар на дрога на континентот.

Loading...

Колумбискиот претседател во средината на септември минатата година најави дека неговата влада ќе направи нови напори да ги убеди одгледувачите на кока да ја заменат со други профитабилни култури.