Колумбиската полиција пензионираше кучиња трагачи

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет полициски кучиња испратени се во пензија со медали и дипломи на церемонија полна со емоции во Богота, откако со години трагале по дрога, бомби и човечки тела.

Некои од групата остарени германски овчари, пит були и златни ретвривери имале и специјлано капење во петок пред да бидат испратени во пензија прд публиката во главниот град на Колумбија.

Траги од дрога можете да имате на рацете дури и ако никогаш не сте ја допреле, а еве како!

Меѓу пензионираните е и Канела, 12 години стар лабрадор, кој помогнал во откривање на 56 масовни гробници на жртви од парамилитаристичко насилство, како и питблот Негра кој помогнал во откривање на повеќе тони кокаин во својата осумгодишна кариера.

Властите планираат пензионираните кучиња да ги даваат на посвојување во семејства кои ќе им овозможат пензионерските денови да ги минат во мир.

Leave a Reply