Колумбија издвои 3,5 милиони долари за нилските коњи на Пабло Ескобар

Сподели со своите пријатели

Коњ што му припаѓал на поранешниот наркобос Пабло Ескобар загинал откако бил удрен од автомобил, соопштија денеска колумбиските власти.

Loading...

Тие навеле дека нилскиот коњ починал на лице место, додека лицето во возилото добило помош од случаен минувач, откако се судрил со големото животно, на патот меѓу Меделин и Богота, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Официјалните лица наведуваат дека „ваквите ситуации укажуваат дека присуството на нилски коњи во регионот претставува проблем за општеството и животната средина, што бара меѓуинституционална соработка за да се бараат сеопфатни и навремени решенија“.

Ескобар ги донесе нилските коњи во Колумбија кон крајот на 1980-тите, но по неговата смрт во 1993 година, животните беа оставени слободно да шетаат во жешкиот, мочурлив регион Антиокија, каде што властите за заштита на животната средина беа немоќни да го контролираат нивното размножување.

Неодамна колумбиските власти одлучија да отстранат 70 нилски коњи кои му припаѓале на наркобосот Пабло Ескобар, што оваа јужноамериканска земја ќе ја чини околу 3,5 милиони долари.

Според извештаите, од оригиналните четири нилски коњи кои избегале од селскиот имот на Ескобар, сега има околу 130, најголемата популација надвор од Африка.

Без природни предатори кои ќе ги држат под контрола, нивната популација ќе продолжи да расте експоненцијално, а една студија проценува дека до 2034 година ќе има 1.400 нилски коњи.

Властите соопштија дека планираат да фатат и преместат речиси половина од нилските коњи во следните месеци, при што 10 ќе одат во светилиштето Осток во северно Мексико и 60 во сè уште неименуван објект во Индија, пренесува Танјуг.

Loading...