Колони воени возила забележани во Доњецк (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Колони од воени возила, вклучувајќи тенкови и оклопни транспортери, биле забележани на периферијата на Доњецк, главниот град на еден од двата отцепени региони на источна Украина, изјави сведокот за Ројтерс.

Loading...

Не биле видливи никакви ознаки, но возилата се појавија неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша договори за пријателство со двата сепаратистички региони и им нареди на руските војници да се распоредат како дел од „мировната мисија“.

Новинарите на Ројтерс во Доњецк не виделе тенкови на улиците во последните денови.

Ројтерс го сними видеото во Макеевка во близина на Доњецк, а на него се гледаат различни воени возила на патиштата, вклучително и APC и камиони.

Околу пет тенкови биле забележани во колона на периферијата на градот и уште два во друг дел од градот.

Путин синоќа по признавањето на независноста на Доњецк и Луганск им нареди на војниците да заминат во сепаратистичките региони како дел од мировната мисија, за која Западот тврди дека е само изговор за почеток на напад врз Украина.

Советот на ЕУ денеска се очекува да донесе итни санкции поради ситуацијата во Украина, додека Велика Британија соопшти дека секако ќе воведе санкции.

 

Loading...