На подрачјето на Општина Куманово има 1.637 здравствени работници, од кои 1.400 со висока стручна подготовка, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нив, лекари се 312 лица, стоматолози 105, а најголемата општина располага со 79 фармацевти со висока стручна подготовка. Останатиот дел, односно 117 се заведени како здравствени соработници.
Девет здравствени работници имаат виша стручна подготовка, од кои четири медицински сестри.
Со средна стручна подготовка во Куманово се регистрирани вкупно 774 медицински лица, од кои медицински сестри 402.
Податоците се однесуваат на изминатата 2018 година, а се објавени во Статистичкиот годишник на Дражвниот завод за статистика.

