Британскиот јавен сервис ВВС, кој се финансира од буџетот на државата, ги објави имињата и заработките на најдобро платените новинари и водители на програми, откривајќи дека водителот Крис Еванс заработува 2,9 милиони долари годишно.
Листата покажува 96 луѓе кои зработуваат најмалку 150.000 фунти (195.000 долари) годишно, што е повеќе од годишната заработка на британската премиерка, пренесува агенцијата АП.
Домаќинот на емисијата Match of the Day, Гари Линекер добива 1,75 милиони долари.
Две третини од најдобро платените вработени се мажи, додека најдобро платената жена заработува нешто помалку од четвртина од платата на Крис Еванс.
Владата на Велика Британија претходно наложи ВВС да ги обелодени податоците за заработките.