Колку ученици имало пред пет децении во Куманово, а колку денес?

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Кумановската околија постоеле 90 основни училишта во учебната 1938/1939 година, меѓутоа сите биле неразвиени. Во Куманово постоела една гимназија, а по една неразвиена гимназија имале и општините Кратово и Крива Паланка. Настава во сите овие училишта посетувале околу 8.000 ученици и 200 наставници, претежно учители.

Во учебната 1955/1956 година имало 167 училишта во кои настава посетувале 17.998 ученици, а работеле 428 просветни работници.

Вкупно 25.857 ученици настава посетувале во 167 училишта во учебната 1961/1962 година, а бројот на наставници изнесувал 735.

Во оваа учебна година во Кумановската околија работеле и училишта од втор степен (денешните средни училишта). Во Куманово тоа била Гимназијата „Гоце Делчев“ каде настава посетувале 385 ученици, а раотеле 14 наставници.

Општина Куманово

Училиште

Број на ученици

Број на наставници

Гимназија „Гоце Делчев“

385

14

Учителска школа „Професор Мијалковиќ“

553

14

Економско училиште „Моша Пијаде“

324

8

Земјоделски центар „Киро Бурназ“

282

10

Трговско училиште

66

1

Металски центар

178

3

Општина Крива Паланка

Гимназија

131

9

Општина Кратово

Гимназија

88

5

Вкупно во Кумановската околија во учебната 1961/62 година имало 28.034 ученици, 869 настанивици и 24 развиени осумгодишни училишта и 9 училишта од втор степен.

Кумановската околија во тој период ја сочинувале неколку општини: Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Орашец, Старо Нагоричане.

Во учебната 2018/19 година во Општина Куманово има околу 16.000 ученици, од кои 10.500 се во основно, а 5.500 ученици се во средното образование. Бројот на првачиња изнесува 1.160, а на ученици кои запишале средно училиште 1.270.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 16 (петок, 15 јуни 1962. година)

Leave a Reply