Модните комбинации на кралското семејство не се евтини. Меган Маркл и Кејт Мидлтон често поставуваат трендови кои жените ширум светот се обидуваат да ги копираат, на доста поевтин и попристапен начин.
Меѓутоа, како што пренесуваат британските медиуми постои значителна разлика помеѓу она што го носат војвотките, а модните комбинации на Кејт се значително поповолни.

Инаку Кејт е позната како единствена војвотка која знае да носи фустан кој чини само неколку десетици евра.
– Меган за облека на надминува Кејт. Всушност ако продолжат со вакво темпо, би можела до крајот на годината за модни комбинации да потроши и милион евра, јавува Дејли мејл.
Таа за неодамнешен настан во Даблин во рок од 24 часа носела гардероба вредна 30.000 евра.



