Според податоците од претпријатието за дистрибуција за печат, објавени во 1962 година во весникот „Наш весник“, граѓаните на Куманово месечно трошеле околу 2,5 милиони динари, односно околу 30 милиони динари годишно за купување на весници.
Меѓу најчитаните весници биле „Политика“ над 1.100 броја дневно, потоа, „Борба“ околу 700, „Наш весник“ со 2.500, „Нова Македонија“ 400, „Илустрована политика“ 700, Спорт и свет“ 800, „Политички забавник“ 600 и разни други списанија над илјада примероци дневно.
За цигари кумановци месечно трошеле околу 10 милиони динари, односно 120 милиони на годишно ниво. Месечно само во Куманово се трошеле околу 2.000 килограми цигари.
Претпријатието „Тутун“ преку своите продавници за тутун во градот најмногу троши „Драва“ (околу 1.200 килограми месечно), потоа нишка „Морава“ (600 килограми).
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 27 (четврток, 29 ноември 1962. година)