И покрај заострувањето на критериумите на EuroNCAP, новите автомобили се покажаа како многу безбедни во случај на судир.
Во последната рунда тестови за симулација на судари, EuroNCAP тестираше 5 нови модели, од кои дури 4 автомобили беа оценети со максимални 5 ѕвезди. Станува збор за возилата Фолксваген, Рено и Лексус.
Погледнете кој ги помина тестовите:
БМВ Серија 2 купе: 4 ѕвезди
Безбедност на возрасни патници: 82%
Безбедност на децата: 81%
Безбедност на пешаците во случај на сообраќајна несреќа: 67%
Електронски системи за помош на возачот: 64%
Фолксваген Tаиго: 5 ѕвезди
Безбедност на возрасни патници: 94%
Безбедност на децата: 84%
Безбедност на пешаците во случај на сообраќајна несреќа: 71%
Електронски системи за помош на возачот: 70%
Фолксваген Поло: 5 ѕвезди
Безбедност на возрасни патници: 94%
Безбедност на децата: 80%
Безбедност на пешаците во случај на сообраќајна несреќа: 70%
Електронски системи за помош на возачот: 70%
Лексус НХ: 5 ѕвезди
Безбедност на возрасни патници: 83%
Безбедност на децата: 87%
Безбедност на пешаците во случај на сообраќајна несреќа: 83%
Електронски системи за помош на возачот: 91%
Рено Меган E-Tech (електричен модел): 5 ѕвезди
Безбедност на возрасни патници: 85%
Безбедност на децата: 88%
Безбедност на пешаците во случај на сообраќајна несреќа: 65%
Електронски системи за помош на возачот: 79%

