Истражувањата покажаа дека тинејџерите кои поминуваат премногу време пред екраните на паметни телефони или компјутери имаат поголема веројатност да развијат опсесивно-компулсивно нарушување (OCD).
Шансите за развој на OCD во оваа возрасна група во период од две години се зголемиле за 13 проценти за секој час играње видео игри и за 11 проценти за секој час гледање видеа, според новата студија на истражувачите од УЗ Сан Франциско, објавија во Журналот за адолесцентно здравје.
„Несаканите мисли за содржината на видео игрите кај некои деца може да прераснат во опсесии“
Водечкиот автор на студијата ги предупреди родителите дека премногу време поминато пред екраните може да има многу штетно влијание врз менталниот развој на децата пред тинејџерски години.
„Децата кои поминуваат премногу време играјќи видео игри велат дека со текот на времето чувствуваат потреба да продолжат да играат такви игри и не можат да престанат и покрај нивните најдобри напори“, рече др. Џејсон Нагата, педијатар и доцент на UCSF.
„Наметливите, несакани мисли за содржината на видео игрите може да се развијат во опсесии или компулсии кај некои деца, а постојаното гледање видео содржини ги охрабрува предтинејџерите компулсивно да следат слична содржина. Таквото однесување обично се влошува со алгоритми и реклами”, додаде тој.
Опсесивно компулсивно пореметување
Опсесивно-компулсивно растројство спаѓа во групата на анксиозни нарушувања, а се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства.
Луѓето кои страдаат од ова нарушување ја разбираат ирационалноста на нивните постапки и ги доживуваат како непријатни, но не се во состојба да ги спречат.
Поради ова, може да страдаат сите аспекти од животот (работа, училиште, меѓучовечки односи), а многу активности може да станат ограничени.
Американските истражувачи прашале 9.204 пред-тинејџери на возраст од 9 до 10 години колку време поминуваат на различни платформи.
Просекот бил 3,9 часа дневно, без употреба на екрани за едукативни цели. Две години подоцна, на 4,4 проценти од пред тинејџерите им бил дијагностициран новопојавен OCD.
Се покажало дека видео игрите и видео стриминг се поврзани со поголем ризик од развој на OCD.
СМС-пораките, видео разговорот и социјалните мрежи не биле индивидуално поврзани со OCD, но тоа може да биде поради тоа што пред тинејџерите во студијата не ги користеле често, велат истражувачите, додавајќи дека резултатите може да се разликуваат за постарите тинејџери.
Времето кое децата го поминуваат пред екранот е двојно зголемено за време на пандемијата
д-р. Нагата и неговите колеги откриле дека времето што адолесцентите го поминувале пред екраните во 2021 година, за време на пандемијата, се удвоило.
„Иако времето поминато пред екранот може да има одредени предности, особено кога станува збор за образование и зголемена социјализација, родителите треба да бидат свесни за можните ризици, особено за менталното здравје на детето. Членовите на семејството би можеле да се договорат за користење на интернет содржини или медиуми за пред спиење да изостават“, е предлогот на Нагата.