Колку пари заработува М-НАВ и од каде ѝ се приходите?

Сподели со своите пријатели

Драмата околу Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД – Скопје не стивнува.

Loading...

Владата предложи нови имиња за прв и втор директор, а Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Синдикатот на контролори на летање од пред Нова година постојано предупрадуваше на, како што велеа, „притисок врз вработените“ и „непрофесионализам“, барајќи да се заштити „интегритетот на професијата“.

Додека траат овие превирања, „Пари“ направи анализа на финансиските резултати на Друштвото во кое секој сака да работи. М-НАВ досега објави три квартални извештаи, заклучно со септември 2023 година. Во првиот квартал Друштвото остварило сметководствена загуба од 372.000 евра, во вториот квартал имало бруто добивка од 1,76 милиони евра, а во третиот квартал дури 3,7 милиони евра. Или, до септември позитивниот финансиски резултат е околу 5 милиони евра. Креаторите на финансиските извештаи особено истакнуваат дека третиот квартал бил подобар и од очекуваното.

„Следејќи го трендот на претходното тримесечје, сообраќајот и третото тримесечје во 2023 година бележи пораст надминувајќи го оптимистичкото позитивно сценарио на Eurocontrol. Со оглед на фактот дека овие три месеци ја претставуваат летната сезона во која секако бележиме зголемен сообраќај, може да се констатира дека ова тримесечје е со зголемување од 15,1% во однос на 2022 година, што го надминува европскиот просек. Генерално, поради развојот на гео-политичките случувања во Европа, како и поради сатурацијата на западноевропскиот дел на рутната мрежа за воздушен сообраќај, земјите кои припаѓаат на југоисточна Европа имаат значителен пораст на сообраќајот во овие три месеци, надминувајќи го дури и оптимистичкото сценарио на Eurocontrol“, пишува во тримесечниот извештај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег

 

Извор: М-НАВ

 

Loading...

„Пари“  ги разгледа и годишните финансиски извештаи, а според нив, компанијата има нето-добивка од околу 2 милиони евра во 2022 година, а а во 2021 година добивката била 609.000 евра. Но, во 2020 година имала загуба од дури 5 милиони евра.

 

Извор: М-НАВ

 

М-НАВ во финансискиот извештај објаснува од каде е загубата во 2020 година:

„Состојбата со пандемијата од Covid-19 што ја зафати цела Европа и пошироко, почнувајќи од второто тримесечје во 2020 година имаше директен и катастрофален удар врз воздушниот сообраќај и воздухопловството во целина, а како клучен сегмент на воздухопловството и врз давателите на услуги на воздухопловна навигација. Во оваа прилика потсетуваме дека во 2020 година и покрај големиот број антикризни и рестриктивни мерки кои што ги спроведе М-НАВ А.Д. – Скопје заради катастрофалното влијание на пандемијата и падот на сообраќајот од 56,5% во споредба со 2019 година, забележа пад на вкупните приходи од приближно 10 милиони ЕУР споредено со 2019 година, што на крајот резултираше со финансиска загуба на Друштвото од 5,8 милиони ЕУР на годишно ниво“, пишува во финансискиот извештај на М-НАВ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

ОД КАДЕ СЕ ФИНАНСИРА М-НАВ?

Акционерското друштво М-НАВ АД е основано во 100% сопственост од Владата на 4 ноември 2008 година. Не се финансира од Буџетот на државата, туку од сопствени средства кои ги добива од „Еуроконтрол“, согласно ратификуваната Мултилатерална спогодба за надоместоци од прелети, како и ЕУ регулативата 1794/2006 за заеднички систем за определување и наплата за надоместоците за прелети и користење на службите на „Еуроконтрол“, според која таа ги пресметува и наплатува услугите од авиокомпаниите. Приходи од прелети се признаваат врз основа на месечни податоци и извештаи кои „Еуроконтрол“ ги доставува до Секторот за финансиски работи на Друштвото. Потоа, приходите од прелети се распределуваат на сооднос 8,2% за Друштвото и 16,8% за Агенцијата за цивилно воздухопловство, на месечно ниво.

Loading...

Приходите од терминални услуги (слетување, контрола на летање, осветлување) се признаваат врз основа на месечни податоци и извештаи кои „Еуроконтрол“ ги доставува до Секторот за финансиски работи на Друштвото, врз основа на Договор за терминални услуги склучен помеѓу Друштвото и „Еуроконтрол“ на 25 август 2016 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во министерството за енергетика просечната нето-плата е 105.628 денари, каде е најниската?

Приходите од останати услуги се однесуваат на воздушни комуникациски услуги (радио опрема и радар), врз основа на склучени Договори со Hungaro Control Magyar. Приходот од наемнини, намален за евентуално признаените дисконти, се евидентира во периодот на настанување во согласност со договорот.

ЛАНИ НАЈМНОГУ ПРЕЛЕТИ

На крајот од минатата година министерот Благој  Бочварски оствари работна посета на М-НАВ. Тогаш беше потенцирано дека М-НАB бележи една од најуспешните години по бројот на прелети над нашата државата, со зголемување од 26,5% споредено со 2019 година и зголемување од 13,4% споредено со 2022 година.

Изразено со бројки, во 2022 година вкупно преку нашето небо имало 204.000 прелетувања, додека до крај на годината очекувањата се дека бројката ќе достигне преку 230.000 прелетувања.

Во однос на вкупните операции во воздухопловството оваа 2023 година имаме зголемување од 25 проценти во однос на 2019 година, односно 17,3 проценти споредено со 2022 година.

По тој повод министерот Бочварски додели благодарница на менаџментот на М-НАВ за овој придонес на одлично остварени резултати во авиосообраќајот.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kolku-pari-zarabotuva-makedonskata-vozduhoplovna-navigacija-i-od-kade-i-se-prihodite/