Излезноста до 9 часот на вториот круг претседателски избори во Македонија е 4,42%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
Овој процент се базира на вкупно 90,85 отсто од обработени избирачки места.
Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.
На парламентарните избори своето гласачко право во првите два часа денеска го оствариле вкупно 4,70 отсто од лицата со право на глас.
Право на глас за парламентарните избори во Македонија имаат 1.815.350 избирачи.
За претседателските избори најголема излесност до 9 часот во Пробиштип 8,8 проценти, најмала во Боговиње 0,57%.
На парламентаните избори до 9 часот на 1033 гласачки места правото на глас го оствариле 25 132 гласачи или 4, 45 проценти.
За парламентарните избори најголема излезност во Кривогаштани 9, 46 %, најмала во Боговиње 1, 4 %, соопшти меѓудругото првиот човек на ДИК, Даштевски.
Никола Ивановски