Колку лица гласаа во Липково до 15 часот?

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 15 часот на вториот круг претседателски избори во Липково е 5,14%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Овој процент се базира на вкупно 99, 9 отсто од обработени избирачки места.

Тоа е значително помала излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 25,08 отсто. Липково е меѓу општините со најмала излезност во државата.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Липково имаат 26.030 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 15 часот го оствариле вкупно 7.334 гласачи, односно 28,18 отсто од лицата со право на глас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец останал без 18.000 евра при измама за купување градежни машини

Право на глас за парламентарните избори во Липково имаат 26.024 избирачи.

Никола Ивановски